вакцина

Родители на 600 деца потпишале изјави дека одбиваат МРП вакцина

Од 1 јули, во Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДЗСИ) доаѓаат родители на невакцинирани деца со МРП вакцина, кои имаат потпишано изјави дека одбиваат да ги вакцинираат. Тие до крајот на овој месец треба да се изјаснат дали ќе ја платат законски предвидената казна во случај да одбијат имунизација.

– Поканите им се испратени, родителите веќе почнаа да доаѓаат. Има термин од по половина час за секој родител. Денеска дојдоа родители на 7-8 деца. Се работи за школски деца, од прво и второ одделение. Прво ги информираме дека треба да си ги вакцинираат децата. Ако тоа не го сторат, има законска мерка со која треба да платат казна од 300 евра. Ако решат да ја платат во рок од осум дена, таа ќе биде во висина од 150 евра. Ако не платат, тогаш поведуваме барање за прекршочна постапка и потоа предметот понатаму се решава на суд – појаснува директорката на инспекторатот, Ирина Бухова.

Во моментов институцијата постапува по над 400 пишани изјави на родители дека одбиваат имунизација на деца од Скопје, односно 600 на ниво на држава. Но, од здравствените пунктови секојдневно добиваат нови изјави за сите вакцини, не само за МРП.

– Како добиваме нови случаи, така постапуваме по нив. Сите се од теренската вакцинација кои требаше да примат втора доза МРП. Родителите треба да знаат дека плаќањето на казната не ги амнестира да не си ги вакцинираат децата. Тоа дете повторно нема да биде примено во градинка односно во училиште, ако за училиште се донесе таква одлука како за во градинките. Треба да се знае дека оваа казна се однесува за секоја поединечна доза на вакцина, односно за секоја доза следува ваква казна – потенцира Бухова.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

Драган Ковачки во дебата на национална телевизија ја повтори „по стоти пат“ невистината дека актуелниот …