Заев: Ако нема ребаланс на буџетот ќе останеме без гасификација

Заев: Ако нема ребаланс на буџетот ќе останеме без гасификација

Премиерот Зоран Заев, кој времено треба да ја преземе функцијата министер за финансии до назначувањето на нов министер, потврди дека ќе има ребаланс на буџетот, но најпрво треба да се направат потребните анализи и да се види каде се потребни промени во буџетските стапки.

– Знам дека одредени буџетски ставки мора да ги промениме. Најголем дел е заради максимализација на капиталните инвестиции. Имаме милијарда и пол денари предвидени за гасификација и ако не проектираме дополнителни средства, до октомври-декември, ќе останеме без пари за реализација на гасификацијата. А сакаме, бидејќи гасификацијата е важен проект во државата- одговори Заев на новинарско прашање по отворањето на Контролниот центар за патарини и патишта во Петровец.

Кога ќе ја преземе функцијата и министер за финансии, Заев рече дека неговата намера е да ја делигира надлежноста и да ги носи крупните одлуки од кои корист треба да имаат граѓаните.

Додаде дека утре правниот тим треба да ги предложи сите механизми околу временското преземање на оваа функција.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

Драган Ковачки во дебата на национална телевизија ја повтори „по стоти пат“ невистината дека актуелниот …