Путин

Русија ја прогласи Македонија за непријателска земја

Владата на Русија денеска објави список на непријателски земји, меѓу кои се најде и нашата земја. Од регионот, на списокот се наоѓаат и Црна Гора и Албанија.

На списокот со непријателските земји се наоѓаат и САД, Украина, членките на Европската унија, Австралија, Албанија, Андора, Велика Британија, Исланд, Канада, Лихтенштајн, Микронезија, Монако, Нов Зеланд, Норвешка, Република Кореја, Сан Марино, Северна Македонија, Сингапур, Тајван, Црна Гора, Швајцарија, Јапонија.

Списокот е направен откако во саботата рускиот претседател Путин потпиша декрет за составување список на земји кои преземаат „непријателски акции“ против Русија.

Прочитајте повеќе

Љупчо Палевски – Палчо со авион екстрадиран во Македонија

Љупчо Палевски – Палчо со авион екстрадиран во Македонија