Руската инвазија расели 14 милиони Украинци

Руската инвазија расели 14 милиони Украинци

Руската инвазија на Украина протера околу 14 милиони Украинци од нивните домови во „најбрзото, најголемото раселување забележано во последните децении“, предизвикувајќи зголемување на бројот на бегалци и раселени луѓе ширум светот на повеќе од 103 милиони, рече Филипо Гранди, кој е на чело на Високиот комесаријат на ОН за бегалци. Тој во Советот за безбедност на ОН рече дека Украинците ќе се соочат со „една од најтешките зими во светот во екстремно тешки околности“, вклучувајќи го и континуираното уништување на цивилната инфраструктура што „го прави хуманитарниот одговор да изгледа изгледа како капка во океанот“.

Овој воз сега е дом за Украинци раселени поради војна

Хуманитарните организации „драматично го зголемија својот одговор“, рече тој, „но мора да се направи многу повеќе, почнувајќи со ставање крај на оваа бесмислена војна“. Но, со оглед на „веројатната долготрајна природа на воената ситуација“, Гранди рече дека неговата агенција се подготвува за понатамошни движења на населението и внатре и надвор од Украина.

Прочитајте повеќе

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Меѓународната организација на трудот (МОТ), која е дел од Обединетите нации, проценува дека 2,4 од …