сајтрокс

САД ја санкционираа македонската „Сајтрокс“ поради активности против американската национална безбедност

Распространувањето на комерцијален шпионски софтвер носи посебни и растечки контраразузнавачки и безбедносни ризици за САД, вклучително и за безбедноста на персоналот на американската влада и нивните семејства, се вели во соопштението

Владата на САД додаде четири странски комерцијални шпионски ентитети на листата за трговски рестрикции поради ангажирање во активности спротивни на националната безбедност или надворешнополитичките интереси на САД, меѓу кои фирмата Cytrox AD (Сајтрокс) во Северна Македонија, јави „Гласот на Америка“.

Другите фирми се Intellexa S.A. во Грција, Intellexa Limited во Ирска и Cytrox Holdings Crt во Унгарија, соопшти Стејт департментот.

Овие компании биле додадени на листата за санкции поради утврдена трговија со кибер активности за да добијат пристап до информациски системи, доведувајќи ја во ризик приватноста и безбедноста на поединци и организации ширум светот.

„Распространувањето на комерцијален шпионски софтвер носи посебни и растечки контраразузнавачки и безбедносни ризици за САД, вклучително и за безбедноста на персоналот на американската влада и нивните семејства“, се вели во соопштението.

Додавањето на овие ентитети се надоврзува на минатите списоци на американската влада на комерцијални компании за шпионски софтвер.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, испрати порака со оддавање почит и слава …