СДСМ: ДПМНЕ може скапо да нѐ чини -10 милијарди евра пари од ЕУ фондови и 11 години изолација

СДСМ: ДПМНЕ може скапо да нѐ чини -10 милијарди евра пари од ЕУ фондови и 11 години изолација

Соопштение за јавност на СДСМ

ДПМНЕ и Мицкоски преку блокадите ја оддалечуваат државата од европскиот пат, туку негативно влијаат и врз економскиот развој.

ЕУ е нашиот главен трговски партнер, со 77,5% од извозот на земјата и 51% од нејзиниот увоз, а истовремено Унијата е наш најголем финансиски поддржувач, донатор и кредитор во сите области и ни помага во европеизирањето на македонскиот бизнис модел.

Блокадата од страна на ДПМНЕ може да ја чини нашата земја 10 милијарди евра помалку фондови од ЕУ.

Само во досегашниот евроинтегративен процес на земјата, преку ИПА, грантови за енергетската криза, макроекономска помош, поддршка за малите и средните компании, помошта за ублажување на економските последици од пандемијата, образовните и други програми во државата се слеаја над 1,2 милијарди евра од европските фондови.

Во перспектива, забрзувањето на евроинтеграциите и полноправното членство, програмите и фондовите на ЕУ можат да бидат 11 пати повисоки од оние што досега ги имаме.

Но, блокадите на ДПМНЕ и Мицкоски можат да доведат до загуба на овие значајни финансиски прилики за државата, бизнисот и граѓаните.

Неразумните блокади на ДПМНЕ и Мицкоски можат да ја однесат државата во нова изолација, а македонските граѓаните да изгубат нови 11 години, како што изгубија од 2006 до 2017 година, во време на режимот.

СДСМ, граѓаните и проевропскиот блок нема да дозволат Македонија одново биде изолирана држава, скарана со регионот и Европа, држава на страна од европскиот пат.

Како што обезбедивме членство во НАТО, како што обезбедивме почеток на преговори со ЕУ, така заедно со европскиот блок ќе обезбедиме и полноправно членство во ЕУ.

Прочитајте повеќе

Олимпијада 2024: 10.500 спортисти и 300.000 кондоми

Олимпијада 2024: 10.500 спортисти и 300.000 кондоми

Во следните три недели Париз ќе биде домаќин на Олимписките игри 2024. Ви нудиме одговори …