СДСМ: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ да ги пренаменат 1,2 милиони евра за граѓаните и да штедат

СДСМ: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ да ги пренаменат 1,2 милиони евра за граѓаните и да штедат

Соопштение за јавност на СДСМ

Крајно време е градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ да престанат да се однесуваат расипнички кон народните пари и предвидените 1,2 милиони евра за партиски вработувања да ги пренаменат за граѓаните.

Неодговорно и безобразно е во време на најголема криза само 5 општини во Скопје градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ да ги потрошат на 1,2 милиони евра за партиски времени вработувања.

Особено кога истите тие градоначалници се жалат дека немале доволно пари, не можеле да работат јавните претпријатија и други изговори кои служат да се прикрие неспособноста и расипништвото.

Граѓаните не им ја дале довербата на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ да не работат ништо, да бараат пари од Владата, а општинските пари да ги трошат на партиски вработувања и аздисувања.

1,2 милиони евра се сериозни средства со кои може да им се помогне на граѓаните во криза, на јавните претпријатија, може и да се реализираат проекти во интерес на граѓаните во сите 5 скопски општини.

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ сега имаат шанса да му кажат НЕ на Мицкоски и наместо неодговорно и расипничко однесување да покажат одговорност.

Ако градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ не ги пренасочат овие пари, ќе покажат дека ништо не е променето во оваа партија, дека тоа е истата режимска матрица.

Прочитајте повеќе

Талевски: Заканите за блокада на европскиот пат се реална опасност по иднината на државата (Видео)

Талевски: Заканите за блокада на европскиот пат се реална опасност по иднината на државата (Видео)

Прес-конференција на Миле Талевски, кандидат за пратеник на СДСМ и Коалицијата во ИЕ 4 Почитувани, …