Почитувани граѓани, почитувани медиуми
Јавноста виде какви листи му спремил Никола Груевски на својот извршител Христијан Мицкоски само еден ден пред партискиот состанок на ВМРО-ДПМНЕ.
Ништо не е променто во ВМРО-ДПМНЕ, кандидатската листа е истата груевистичко- режимска кадровска политика која нуди обнова на режимот и враќање назад, ништо повеќе.
Антонио Милошоски, Игор Јанушев, Владо Мисајловски, Александар Николовски и уште многу други. Олицетворение на режим, неспособност, криминал, корупцијата, изолација, лажни вести.
Кандидатите како Сиљановска Давкова или Дурловски се сејачи на омраза и поттикнувачи на поделби.
Таква е понудата на ВМРО ДПМНЕ на листите со овие истрошени и стари режимски кадри на Никола Груевски кои извршителот Мицкоски со двете раце ги прифати, а отиде дури и до Будимпешта за тоа.
Затоа Христијан Мицкоски избега од директно изборно соочување со претседателот Заев и не се кандидираше на престојните паралментарни избори. Потврди дека се плаши од Зоран Заев и дека е свесен за изборниот пораз на 12-ти април.
На овие избори, ќе се судрат два концепти и две политички понуди.
Едниот предводен од ВМРО-ДПМНЕ и извшителот Мицкоски кој е концепт на минатото и кој носи враќање назад, изолација, криминал и корупција.
Вториот е предводен од СДСМ и Зоран Заев кој е концепт на сигурна иднина и носи стабилност, повеќе пари, поголеми плати, правда, интеграција во ЕУ и уште поголем и уште побрз напредок.
Граѓаните не сакаат враќање назад, не сакаат изолација, неправда, криминал и корупција. Граѓаните се за концепот на СДСМ кој води напред и обезбедува европска иднина.
Затоа, извршителот Мицкоски може да бега од изборните листи, но од поразот на 12 април не може да побегне.
На 12 април Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги чека силен пораз од граѓаните.