СДСМ Крушево: Нова патна инфраструктура која создава потенцијал за развој на Крушево

СДСМ Крушево: Нова патна инфраструктура која создава потенцијал за развој на Крушево

Изјава на Оливера Чавкар, ОО на СДСМ Крушево:

Почитувани,

Градиме инфраструктура за сите и во време на пандемија. Во време на една нова нормалност со строго почитување на мерките, ги реализираме проектите кои ги ветивме пред граѓаните, а тоа создава нови можности за развој на туризмот, заживување на економијата, изградба на Крушево.

Завршува изградбата на асфалтен пат до Крушевско езеро. Гумење, споменикот Илиден, спомен куќата на Тоше, спортските терени и Крушевското езеро сега се поврзани со нов асфалтен пат. Овој проект отвора нови можности за развој на туризмот, заживување на спортот и создавање на инфраструктура која ќе отвори нов потенцијал за градот.

Покрај асфалтирањето на патот до Крушевско езеро, по 45 години се реконструира патот до село Пуста Река, се асфалтираше во Саждево и Јакреново, се изгради нов меѓуопштински пат од Борино до Житоше, се работеше на патот од Бучин до Воѓани, а Општина Крушево санираше над 5 километри локални улици во градот и населените места.

Наследивме руинирана држава и руинирана општина без проекти. Денес градиме современа инфраструктура за современа економија. Така и ќе продолжиме. Можеме уште повеќе, уште подобро.

Прочитајте повеќе

Битиќи: Кренете ги главите - СДСМ е храбра и уште поодлучна за европската иднина на Македонија

Битиќи: Кренете ги главите – СДСМ е храбра и уште поодлучна за европската иднина на Македонија

„Граѓаните ни испратија порака, ги слушнавме. Ја прифаќаме одговорноста. А денес е нов ден – …