СДСМ: Пекаше за Влада без ДУИ а влезе во Влада со ДУИ, Мицкоски се што кажа излажа

СДСМ: Пекаше за Влада без ДУИ а влезе во Влада со ДУИ, Мицкоски се што кажа излажа

Соопштение за јавност на СДСМ

ДПМНЕ пекаше за Влада без ДУИ, а влезе во Влада со ДУИ.

Се’ што кажа Христијан Мицкоски излажа.

Велеше единствен услов му бил ДУИ да не биде дел од Владата, дека не прифаќа Влада со ДУИ.

Се испишмани, па влезе во Влада со ДУИ.

Сега ДПМНЕ има министри и заменици министри во техничката Влада, кои му се поклонија на Талат Џафери, а велеа дека тој не заслужува да биде технички премиер, иако во периодот 2012-2014 беше министер за одбрана во Влада на ДПМНЕ.

Повторно се виде дека Мицкоски манипулира, го лаже членството, ги лаже граѓаните.

Мицкоски едно зборува друго прави. Него не му се важни граѓаните, туку фотелјите и власта.

Прочитајте повеќе

Трамп очекува да се постигне договор за крај на војната пред преговорите меѓу Украина и Русија во Абу Даби

Трамп очекува да се постигне договор за крај на војната пред преговорите меѓу Украина и Русија во Абу Даби

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека во четвртокот остварил приватна средба со пратеникот на рускиот …