ЈКП Водовод ВИК Прилеп

СДСМ Прилеп: Како да се уништи јавно претпријатие – формулата ја има директорот на „Водовод и канализација“

Прес-конференција на Филип Попоски, член на УО на „Водовод и канализација“ Прилеп

Почитувани,

Завршната сметка на „Водовод и канализација“ за 2022 година покажа дека, за прв пат во своето постоење како самостоен субјект, јавното претпријатие бележи загуби во висина од 8.160.000 денари.

Ако на оваа сума се додадат и оние 3.900.000 денари добивка со кои претпријатието ја заврши 2021 година, тоа значи дека за 17 месеци директорување со ЈКП „Водовод и канализација“, Игор Гулабоски направил финансиска „дупка“ од 12 милиони денари.

Дополнително неподмирените обврски кон добавувачи изнесуваат околу 9 милиони денари со што ова јавно претпријатие е доведено на работ на егзистенција.

Неговото недомаќинско и нестручно работење се гледа и во неразумното и неоправдано унапредување на десетина партиски војници на ВМРО-ДПМНЕ, кои дополнително ги награди со високи плати во висина од 1.000 евра.

Гулабоски измисли и нови работни места за вдомување на актуелни функционери на ДПМНЕ и нивни блиски роднини.

Директорот на јавното претпријатие не го исполни ниту изборното ветување на неговиот другар Борче Јовчески за намалување на цената на водата. Напротив, дополнително и ја зголеми. Во претходниот период драстично се зголемени трошоците за гориво и сервисирање на возила  како и трошоци за реклама и пропаганда.

Меѓутоа, она што треба да се потенцира и што најдобро ја покажува неспособноста на Гулабоски да го менаџира до скоро најуспешното јавно претпријатие во Прилеп, се официјалните бројки за сработеното во неговиот мандат.

А тие велат дека во изминатите 17 месеци, ЈКП „Водовод и канализација“ успеало да изгради 2 км водоводна и “дури“ 170 метра канализациона мрежа!

Да повторам: во 17 месеци, срамни 2 км водоводна и уште посрамни 170 метра канализациона мрежа!

Почитувани граѓани,

Вакво неработење и вакви поразителни резултати на едно јавно претпријатие, не се паметат. Единствена причина што Гулабоски сеуште е директор на „Водовод и канализација“, е што е другар на градоначалникот Јовчески.

Заради сето погоре кажаното, Игор Гулабоски треба сега и веднаш да поднесе неотповиклива оставка. Ако тоа не го направи, тогаш градоначалникот Јовчески има обврска да покаже одговорност и во насока на заштита на јавниот интерес, да го разреши директорот на ЈКП „Водовод и канализација“.

Прочитајте повеќе

Кратење на 130 институции и отпуштања во администрацијата?

Кратење на 130 институции и отпуштања во администрацијата?

Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе треба да укине над 130 државни институции за да го исполни …