СДСМ Прилеп: Поделбата на „подобни“ и „неподобни“ клубови од страна на Јовчески е на штета на прилепскиот спорт

СДСМ Прилеп: Поделбата на „подобни“ и „неподобни“ клубови од страна на Јовчески е на штета на прилепскиот спорт

Прес-конференција на Бојан Цветаноски, член на Комисија за спорт при ОО на СДСМ Прилеп

Безмалку две години, градоначалникот Борче Јовчески и ВМРО-ДПМНЕ систематски, во секоја сфера на општественото живеење го уништуваат Прилеп.

Неодамнешната распределба на средства од општинскиот буџет за финансирање на спортските клубови, потврди дека Јовчески и неговата партија не го поштедија ни спортот.

Кога веќе градоначалнкот и неговите соработници си го дозволиле “луксузот“ Правилникот за бодување на клубовите да го препишат од Општина Кавадарци, тогаш можеле да го следат примерот на оваа Општина која за своите спортисти и спортски клубови, на годишно ниво, издвојува 30 милиони денари.

Или пак да се угледаат на една друга соседна Општина, Битола, која за истата намена од општинскиот буџет троши 60 милиони, или 15 пати повеќе од срамните и мизерни 4 милиони денари кои за прилепските спортисти ги издвојува Борче Јовчески.

Покрај бројните поделби на граѓаните по разни основи, прилепскиот градоначалник и ДПМНЕ дури и спортистите ги поделија на „наши“ и „ваши“, на „подобни“ и „неподобни“.

Така, иако се „колнеа“ и велеа дека „Победа се сака и во добро и во лошо“, на спортскиот симбол на градот му доделија 250.000 денари, што е ништо во споредба со оние 1.5 милиони денари кои за фудбалскиот клуб ги одделуваше локалната власт предводена од СДСМ.

Меѓутоа, наспроти понижувачкиот однос кон најпопуларниот спортски клуб, градоначалникот и ДПМНЕ богато го наградија пинг-понгарскиот клуб „Младост 96“, чиј претседател е доскорешниот секретар на Општина Прилеп. Господине Јовчески, не станува ли овде збор за класичен судир на интереси?

Ако на сето ова се додадат уште неколку факти:

  • дека Општина Прилеп доцнеше со распишување на јавниот повик;
  • дека доделените минимални суми ќе бидат исплатени во втората половина од годината, кога клубовите и спортистите веќе ги имаат завршено натпреварувањата;
  • дека градоначалникот и локалната власт ги омаловажуваат и ги маргинализираат спортистите од “малите“ спортови кои на градот му носат медали од најзначајните светски натпреварувања,

тогаш останува да го констатираме истото она коешто прилепчани веќе и гласно го кажуваат: дека со актуелната локална власт предводена од Борче Јовчески, Прилеп вртоглаво се движи кон дното!

Прочитајте повеќе

Се враќаат старите и пониски цени на полисите за автомобилско осигурување

Се враќаат старите и пониски цени на полисите за автомобилско осигурување

Известувањата на осигурителните компании за зголемување на цените не содржеле финансиски анализи за изминати периоди, …