СДСМ Прилеп: ВМРО-ДПМНЕ и директорот Абрашоски го уништија ЈКП „Комуналец“

СДСМ Прилеп: ВМРО-ДПМНЕ и директорот Абрашоски го уништија ЈКП „Комуналец“

Прес-конференција на Ивона Кузмановиќ, член на ИО на СДСМ и советник во Советот на општина Прилеп

Почитувани,

Две години после локалните избори и доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Борче Јовчески, Прилеп назадува во секоја сфера на општественото живеење.

Јавните комунални претпријатија се рак-рана на градот, а  меѓу сите нив, ЈКП „Комуналец“ е класичен пример за лошо функционирање.

Нечисти улици и тротоари, контејнери преполни со ѓубре – тоа е сликата која прилепчани ја гледаат цели 24 месеци.

И покрај покачувањето на цените на услугите за рекордни 67 отсто, близу 400 вработени се’ потешко земаат плата, а јавното претпријатие се наоѓа пред финансиски колапс.

Единствен виновник за катастрофалната состојба во „Комуналец“, е директорот Рубин Абрашоски!

Двете години поминати на чело на најголемото општинско комунално претпријатие, се повеќе од доволен временски период за да се констатира дека Абрашоски нема капацитет да раководи со „Комуналец“.

На Прилеп му требаат ефикасни јавни претпријатија, кои во секој момент ќе одговараат на потребите на граѓаните на општина Прилеп. Во овој момент, ЈКП „Комуналец“ тоа ни од близу не е.

Очигледно е дека Абрашоски нема доблест да поднесе оставка и да замине од директорското место. Во тој случај, градоначалникот Јовчески има должност да ги заштити интересите на вработените во јавното претпријатие и на прилепчани и веднаш да го разреши директорот Рубин Абрашоски.

Доколку тоа не го стори, Борче Јовчески ќе биде директен соучесник во уништувањето на ЈКП „Комуналец“!

Прочитајте повеќе

Ковачевски: СДСМ е силна партија, стожер на демократијата во државата

Ковачевски: СДСМ е силна партија, стожер на демократијата во државата

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, во синоќешното интервју во „Тема на денот“ …