Бузалковски FIM Europe STK1000

Бузалковски со бронзен медал од Европскиот FIM Europe STK1000 шампионат

Талентираниот мотоциклист Христијан Бузалковски го освои бронзениот медал на Европскиот ФИМ Европа СТК1000 шампионат на кружни патеки што се одржа минатиот викенд во Гробник, Хрватска

Ова е историски резултат, затоа што досега ниту еден Македонец го нема постигнато овој голем успех.

Младиот Бузалковски изјави дека ја извозелe најдолгата сезона во нивната кариера, а конкуренцијата била голема и навистина сериозна.

„Чест и задоволство беше да се бориме со тие тимови и да пробаме да се измешаме помеѓу најдобрите, иако немавме доволно тренинг на стазите коишто ги возевме (бидејќи секоја од стазите е на +1000 километри). Огромна благодарност до сите кои ме поддржаа и ми ја дадоа довербата, благодарност до сите спонзори и поддржувачи, и до мојот официјален спонзор Компанијата Велкоски за целокупната поддршка сите овие години. Продолжуваме уште појако, мала пауза и почнуваме со подготовки за следната сезона!“, рече Бузалковски.

Прочитајте повеќе

Супербоул: Канзас Сити ја одбрани титулата во НФЛ

Супербоул: Канзас Сити ја одбрани титулата во НФЛ

Екипата на Канзас Сити Чифс ја одбрани шампионската титула во НФЛ, откако ноќеска во Лас …