Мицкоски

СДСМ: Уште еднаш се потврди дека Мицкоски едно зборува дома, друго зборува надвор

Уште еднаш се потврди дека Христијан Мицкоски едно зборува дома пред граѓаните, друго зборува надвор.

Пратеникот во германскиот Бундестаг, Питер Бајер, вчера изјави дека ДПМНЕ е за промена на Уставот и дека знае со сигурност дека ДПМНЕ сака измени на Уставот.

Мицкоски пак зборува сосема спротивно од ова пред македонските граѓани, заедно со Николовски јавно велат дека се против уставните измени. Особено што ДПМНЕ е единствена партија која ги блокира уставните измени и членството во ЕУ.

На Мицкоски воопшто не може да му се верува. Едно кажува Мицкоски пред македонските граѓаните, друго кажува надвор во Европа и нема став за клучните прашања.

Прочитајте повеќе

Спасовски до Мицкоски: Божиновска ја излажа јавноста

Спасовски до Мицкоски: Божиновска ја излажа јавноста за бугарското државјанство, ќе ја разрешите ли?

Пратеникот на СДСМ Оливер Спасовски на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, потсети на …