Се враќаат старите, пониски цени за сместување во студентските домови

Се враќаат старите, пониски цени за сместување во студентските домови

Државниот студентски дом „Скопје“ (ДСД Скопје) извести дека на седницата на УО, а по претходна координација со МОН и министерот Јетон Шаќири, донесена е одлука за враќање на старите цени за сместување и исхрана на студенти, односно цената од 3.945 денари се враќа на 3.645 денари

Министерството за образование ги враќа старите цени за сместување во студентските домови кои годинава беа покачени за 300 денари, односно цената од 3.945 денари се враќа на 3.645 денари.

Државниот студентски дом „Скопје“ (ДСД Скопје) извести дека на седницата на Управниот одбор одржана денеска, а по претходна координација со Министерството за образование и наука и министерот Јетон Шаќири, донесена е одлука за враќање на старите цени за сместување и исхрана на студенти.

„Напоменуваме дека при покачувањето на цените за сместување и исхрана се земени во предвид сите трошоци на ДСД Скопје кои се значително поголеми и не е прекршена ниту една процедура. По реакцијата на студентите за покачените цени одлучено е истите да се вратат на старите суми, а дополнително да се бара решение за нормално функционирање на студентските домови“, велат од ДСД – Скопје.

Од МОН вчера изјавија дека ниту еден студентски дом индивидуално не може да ја промени цената за сместување и на студентите избрани преку јавно објавени конкурси да им наплатува различен износ од утврдениот во Програмата. Доколку се утврди постапување спротивно на важечките акти, Министерството најавува дека ќе побара одговорност од директорите кои го направиле прекршувањето.

МОН потсети дека согласно со Законот за студентски стандард, цената за сместување во државни студентски домови се утврдува со Програма за остварување и развој во дејноста на студентскиот стандард, која ја усвојува Владата. Притоа МОН покрива 50 проценти од вкупниот износ на цената, која за 2023 година изнесува 6820 денари. Оттаму, на студентите кои плаќаат партиципација, трошокот им изнесува 3410 денари месечно. За најмногу 40 проценти од студентите, МОН го покрива целиот износ, доколку се работи за студенти со посебни потреби, деца без родители и родителска грижа, деца од семејства корисници на социјална парична помош итн.

Мета.мк го следеше процесот на вселување на студентите, и уште кон почетокот на месецов објави дека цените за сместување годинава се повисоки од лани.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Наградата за слобода на говор на ДВ за Јулија Навалнаја

Наградата за слобода на говор на ДВ за Јулија Навалнаја

Јулија Навалнаја ја продолжува работата на својот сопруг, рускиот опозиционер Алексеј Навални, кој почина во …