Германскиот канцелар Шолц

Шолц: Германија е во многу подобра позиција да и се спротивстави на Русија во врска со гасот

Германија сега е „во многу подобра позиција“ да се соочи со „заканите“ од Русија, вклучително и гасната криза што настана по руската инвазија врз Украина, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц. Рускиот гигант Газпром се подготвува утре на три дена да ја прекине испораката на гас преку гасоводот Северен тек поради „одржување“. Сите мерки што Германија ги презеде за да го гарантира своето снабдување „придонесоа денес да бидеме во многу подобра ситуација отколку што се предвидуваше пред неколку месеци“, рече Шолц пред состанокот на германската влада.

Германските складишта со гас пополнети над 80 отсто

„Сега можеме да се справиме со заканите со кои се соочуваме од Русија која го користи гасот како стратегија во војната против Украина“, додаде Шолц. Германија е силно зависна од рускиот гас и бележи силен пад на испораките од почетокот на војната во Украина на 24 февруари.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Како мигранти преку Русија стигнуваат до Финска

Финска ги заострува мерките против нелегален влез во земјата и ги затвора граничните премини кон …