Што сакаат граѓаните во 2023?

Што сакаат граѓаните во 2023?

Пишува: Сотир Габелоски

2023-та за прв пат нека биде година во ќе која учиме од грешките и извлекуваме поуки од годината што измина.

Потребите, барањата и очекувањата на граѓаните ќе продолжат интензивно да се менуваат и надградуваат во 2023-та. Тоа треба да го разберат и прифатат властите на локално и централно ниво ако сакаат успех, а и позитивен фитбек од гласачкото тело и граѓаните генерално.

Македонија сеуште треба инфраструктурно да се гради. Потребни се патишта, водоводи, канализации и се’ она што е основа за живот. Но, приоритетите на граѓаните и барањата се менуваат затоа што се водат по состојбата во нивниот џеб и светските трендови. Во 2023-та граѓаните ќе очекуваат повеќе зелена енергија затоа што тоа ќе им донесе помала сметка. Ќе очекуваат повеќе дигитализација, затоа што чувствуваат оти времето на чекање пред шалтер заминува. Ќе очекуваат да бидат повеќе вклучени и слушнати, затоа што мнозинството верува дека државата не се движи во вистински правец.

Градоначалниците ќе треба да работат на патишта, на подобрување на системите за канализација, на подобро водоснабдување, повисоко ниво на хигиена. Но, граѓаните ќе очекуваат на ова да се работи постојано и без да се врши притисок за да се реализира, додека истовремено граѓаните ќе бараат повеќе можности за професионална реализација, адресирање на проблемот со заминување на младите, поевтин начин на живот. Нивна потреба ќе бидат и патиштата и канализациите и водоводите и хигиената, но фокусот ќе биде на корупцијата, правдата, економската состојба и конкретни работни места.

И од централните власти ќе се очекува да градат патишта, да го решаваат проблемот со отпадот, но главните барања ќе бидат посветени на правниот систем, на корупцијата, на зелената агенда. Не поминуваат повеќе ПР објавите за изградена основна инфраструктура. Граѓаните веќе ги следат модерните трендови и така се “развиваат“ нивните потреби. Исто како и на локално ниво, нивното очекување е да се изградат патиштата и канализациите и да се собира отпадот, но граѓаните ќе сакаат да видат иновативност, напредок и барем малку прикажано достоинство.

Се очекува обединување. Поголема конструктивност на опозицијата и сплотување за да се надмине чувството на изгубено достоинство. Време е да се размислува и делува за подалеку од утрешниот ден.

Граѓаните се желни за суштински промени. Го препознаваат секој површен обид за некаква промена, кој всушност е само борба за политички поени. Ова е ново време, а главните политички фактори се повеќе делуваат застарено. Власта и опозицијата треба да го подигнат нивото на перцепирање на граѓаните, а градоначалниците да ја модернизираат својата работа, односно прилагодат на гобалните текови кои влијааат на локално ниво.

Среќна Нова 2023!

Прочитајте повеќе

Мицкоски ќе нѐ качува на платформа

Мицкоски ќе нѐ качува на платформа

Зошто партиите непотребно прават предизборни програми, принудени да лажат, кога имаат готова програма? Треба само …