Снежно а капела изненадување од Sarah Mace & The Christmas Girls (ВИДЕО)

Освен како сезона на споделување убави нешта и зближување со најблиските, зимскиот период е познат и како време за уживање во звуците на најубавите празнични евергрини, достапни низ целиот свет со илјадници изведби во различни стилови и јазични верзии од голем број на пејачи и музичари.

Сара Мејс, заедно со Полина Тасева, Калина Велковска, Теа Богатинова и Емилија Колоска, на прагот од 2022ра година, на македонската јавност ѝ подготвија вистинско празнично музичко изненадување.

Новата изведба на познатата „Santa Claus is coming to town“, во оригинална а капела преработка, е дел од новогодишниот проект на Sarah Mace & the Christmas Girls, насловен како „A Cappella Christmas Carols“.

Аранжманот е на Теа Богатинова, песната е снимена во студиото „Алшар“, а видео записот е снимен за време на снимањето на албумот, кој што брои вкупно 8 песни. Истите ќе бидат откриени до крајот на оваа година и дополнително ќе ги разубават празниците на сите генерации.

Прочитајте повеќе

Вебинар онлајн

Порано само читавме онлајн, сега животот го мигрираме онлајн

Правете бекап на дигиталните податоци, бидејќи ако чувате сè на лаптоп и ако случајно се …