парламент собрание

Собранието ги донесе измените на законот за ДДВ и за акцизи

Доцна синоќа, со 95 гласа „за“ и без ниту еден “против“ и „воздржан“, пратениците во Собранието го изгласаа Предлот на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност. Истовремено, со 96 гласа „за“ и исто така без ниту еден “против“ и „воздржан“, беше изгласан и Предлогот на закон за дополнување на Законот за акцизите, и двата по скратена постапка.

Образложувајќи ги двата предлог закона, министерот за финансии Фатмир Бесими  рече дека тие се дел од пакетот од 26 кризни мерки на Владата, кои треба да му помогнат на стопанството во нашата држава, која е погодена од енергетската криза и ценовниот шок на глобалните пазари.

„Пакетот од 26 мерки е во вредност од 400 милиони евра и служи за економска заштита на граѓаните и компаниите“, рече во своето обраќање министерот Бесими.

Целта на донесените законски измени и дополнувања, е да се обезбеди намалување на високите малопродажни цени на бензините и другите нафтени деривати.

Прочитајте повеќе

Филипче со Бочварски по новата делница од Градско кон Прилеп

Филипче и Бочварски возеа по новата делница од Градско кон Прилеп, работите се завршени околу 90% (ВИДЕО)

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и носителот на изборната единица 4 на СДСМ …