Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска, се обрати на конференцијата „Родова еднаквост на работно место“

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска, се обрати на конференцијата „Родова еднаквост на работно место“

Сопругата на претседателот на Република Северна Македонија, Елизабета Ѓоргиевска, се обрати на конференцијата „Родова еднаквост на работно место“, што денеска се одржа во Кабинетот на претседателот.

Според Ѓоргиевска, досегашните анализи на националните, регионалните и глобалните состојби упатуваат на една загрижувачка тенденција – и покрај напредокот во степенот на образованието на жените, на нивното работно искуство и стручност, сеуште нема рамноправна валоризација на трудот на жените. Причините за оваа дискрепанца меѓу декларативното и фактичкото во однос на примањата, според Ѓоргиевска, се многубројни, структурни и честопати гравитираат околу родово-базираната дискриминација со која се соочуваат многу жени и во македонското општество.

„Принципот на еднакво вреднување за еднаква работа е еден од најстарите принципи на Европската Унија. Оттука, проблемот со нееднаквата заработка не е само економско и политичко, туку и прашања на правичност. Имено, еднаквото достоинство меѓу мажите и жените подразбира и правична валоризација на нивниот вложен труд. Жените кои се еднакво третирани се многу помотивирани да вложуваат во личниот и кариерниот развој, и со тоа да придонесуваат кон колективниот напредок на целото општество“, рече Ѓоргиевска.

„Затоа, за да се затвори родовиот јаз и да се намали нееднаквоста на жените во економската сфера, ги поддржуваме мерките за економско јакнење на жените, за женско претприемништво, за праведно и достоинствено вреднување на работата. А со тоа ќе придонесеме кон постигнувањето на родова еднаквост“, рече Ѓоргиевска.

Главна цел на конференцијата, што се одржа под покровителство на сопругата на претседателот, а во организација на Центарот за управување со промени (ЦУП) и Алијансата за родова еднаквост (ГЕА), е да се поттикне прашањето за родовиот јаз во платите, да се анализираат состојбите, трендовите и да се пренесе важна порака за значењето на надминувањето на родовиот јаз во платите како дел од комплексниот процес на унапредување на родовата рамноправност.

Свои поздравни обраќања на настанот имаа и Нина Ангеловска, претседателка на ГЕА и Неда Малеска-Сачмароска, извршна директорка на ЦУП. Во рамки на конференцијата се одржаа две панел дискусии на тема „Состојбата со родова еднаквост на работното место во Република Северна Македонија“ и „Градење на подобри работни места преку обезбедување родова еднаквост“.

Прочитајте повеќе

Скандал: Сопруга на градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ избрана за член на Судски совет

Скандал: Сопруга на градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ избрана за член на Судски совет

Одговор на новинарско прашање на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ Наместо реформи гледаме бртална партизација …