Правниот тим на коалицијата Србија против насилството (СПН) објави дека утврдил дека на изборите во Белград на 17 декември има „најмалку 30 отсто фантомски гласачи“.
Како што беше соопштено на 22 декември, Правниот тим го заклучил ова со увид во дел од гласачкиот материјал во Градската изборна комисија (ГИК) на Белград.
Членот на Републичката изборна комисија (РИК) Танасије Маринковиќ на прес-конференција во Белград прецизираше дека синоќа комисијата утврдила состојба на непостоечки гласачи.
„Дури 30 отсто од гласачите де факто го искористија своето право на глас на овие избори и со гледање на избирачкиот список нашиот тим утврди дека се работи за фантомски гласачи“, рече Маринковиќ.
Тој изјави дека тоа се лицата кои се на поканите за гласање, а кои граѓаните ги пријавиле дека овие лица не живеат на тие адреси и дека не се нивни сограѓани.
„Ова отвора сериозни сомнежи за уредноста на избирачкиот список. Покренува сомнеж и за законитоста и легитимноста на целиот изборен процес“, рече Танасије Маринковиќ.
Во Србија на 17 декември се одржаа парламентарни и локални избори во 65 општини и градови, меѓу кои и Белград.
Проевропската опозиција во Србија по гласањето објави дека се сомнева дека власта донела 40.000 граѓани на Босна и Херцеговина од Република Српска кои нелегално гласале во Белград, со фиктивно регистрирање на адресите во Белград, бидејќи нивното можно двојно државјанство не дозволува тие да гласаат на локални избори.избори. Затоа СПН бара повторување на изборите во Белград.
Покраинската изборна комисија (ПИК) добила жалба врз основа на која коалицијата Србија против насилството (СПН) бара поништување на изборите во Војводина, објави на 22 декември новосадскиот портал 021.
„Изборите беа спроведени во услови на грубо кршење на правото на слобода и рамноправни избори“, наведува СПН.
Таа коалиција објави дека има дупликат избирачки списоци, дека се испратени покани за гласање до фантомски гласачи, дека се купени гласови, а министерот од Босна и Херцеговина гласал на покраинските и републичките избори во Нови Сад.
Извор: РСЕ