Средба на претседателот Пендаровски со амбасадорите на земјите од Вишеградската група
Средба на претседателот Пендаровски со амбасадорите на земјите од Вишеградската група

Средба на претседателот Пендаровски со амбасадорите на земјите од Вишеградската група

Претседателот Стево Пендаровски денеска имаше средба со амбасадорите на четирите земји членки од Вишеградската група, акредитирани во Северна Македонија, амбасадорот на Полска, Војциех Тицињски, на Чешка, Јарослав Лудва, на Словачка, Хенрик Маркуш и на Унгарија, Ласло Иштван Дукс.

На средбата беше поздравена континуираната соработка со земјите од Вишеградската група, посочувајќи ја нивната приниципиелна поддршка на еворинтегративниот процес на нашата земја, како и нивната солидарност и подготвеност за практична помош и споделување на експертски искуства во тој процес.

Во таа насока, претседателот Пендаровски истакна дека со оглед на актуелните геополитички околности, деблокадата на македонските евроинтеграции и неодложен почеток на пристапните преговори за членство во ЕУ, се исклучително важни за долгорочна стабилност и безбедност на регионот. 

Во контекст на војната во Украина, беше реафирмиран ставот дека Северна Македонија најостро ја осудува руската инвазија и согласно можностите и капацитетите е подготвена да даде хуманитарана поддршка, во однос на бегалската криза.

Притоа, беа разменети мислења за можните влијанија на руската агресија врз поширокиот регион од безбедносен аспект, како и за економските импликации и модалитетите за справување со предизвиците.

Соговорниците изразија подготвеност за унапредување и зајакнување на соработката меѓу земјите од Вишеградската група и регионот на Западен Балкан, и овозможување на оперативност и видливост на средствата од Фондот за Западен Балкан наменети за развој и поддршка на нашиот регион.

Прочитајте повеќе

Стабилизирање на времето со температури до 39 степени

Денеска ќе преовладува сончево и топло време, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб …