Средба на претседателот Пендаровски со министерот за надворешни работи на Романија, Богдан Ауреску

Средба на претседателот Пендаровски со министерот за надворешни работи на Романија, Богдан Ауреску

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими министерот за надворешни работи на Романија, Богдан Ауреску, кој е во работна посета на Северна Македонија.

На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи, што се карактеризираат со конструктивен и отворен политички дијалог, базирани на пријателство и меѓусебна почит. Претседателот Пендаровски изрази уверување за нивно натамошно унапредување, како на политички, така и на економски план.

Претседателот упати благодарност за силната романска поддршка како за македонското европско досие, така и за динамизирањето на евроинтегративниот процес на земјите од регионот. Тој истакна  дека Северна Македонија останува посветена на остварувањето на оваа стратешка цел, и покрај предизвиците.

На средбата претседателот Пендаровски потенцираше дека особено денес е евидентно дека проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан е безбедносен приоритет за Европа, а завршувањето на европскиот проект е клучно за обезбедување на долгорочен мир и просперитет за континентот.

Честитајќи ја 15-годишнината од членството на Романија во Европската Унија, претседателот Пендаровски оцени дека земјата е пример за трансформирачката моќ што ја носи членството во Унијата.

Претседателот Пендаровски и министерот Ауреску разговараа за случувањата во поширокиот регион, во однос на руската инвазија врз Украина, нивната безбедносна импликација врз поширокото соседство.

Како членки на НАТО, двете држави демонстрираат единство и меѓусебна соработка, особено во светло на руската воена инвазија на Украина.

Претседателот Пендаровски се заблагодари за романската помош при евакуацијата на македонски државјани од Украина и оддаде признание за посветеноста на Романија во згрижувањето на големиот број бегалци.

Прочитајте повеќе

Филипче со Бочварски по новата делница од Градско кон Прилеп

Филипче и Бочварски возеа по новата делница од Градско кон Прилеп, работите се завршени околу 90% (ВИДЕО)

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и носителот на изборната единица 4 на СДСМ …