Средба на претседателот Пендаровски со претставници на ЦИВИЛ - Центар за слобода

Средба на претседателот Пендаровски со претставници на ЦИВИЛ – Центар за слобода

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими преставници на организацијата ЦИВИЛ – Центар за слобода, по повод почетокот на реализацијата на проектот „Чекор напред кон мултикултурно општество“.

Претставниците на организацијата го информираа претседателот Пендаровски за активностите во рамки на проектот, што ќе бидат насочени кон промоција на мултикултурализмот, почитувањето на различностите и недискриминацијата во општеството како фундаментални човечки и европски вредности, а ќе се реализараат со поддршка од Министерството за надворешни и европски прашања на Големото Војводство Луксембург.

Претседателот Пендаровски, истакнувајќи ја важноста на темите опфатени во проектот, изрази поддршка за активностите на организацијата и заложбите за мултикултурно општество.

Прочитајте повеќе

Мицкоски подготвува стратегија и следни чекори

Мицкоски подготвува стратегија и следни чекори

Потенцијалните партнери во идната влада засега се посветени на договорените постулати за соработка и градење …