Српската владејачка партија со одлука за мандатот за состав на новата влада

Српската владејачка партија со одлука за мандатот за состав на новата влада

Денеска ќе се одржи седницата на претседателството на Српската напредна партија (СНС) на која треба да се донесе одлука за новиот премиер и идната Влада на Србија. Претседателот на Србија и СНС Александар Вучиќ, претходно како кандидати за новата влада ги спомена актуелната премиерка Ана Брнабиќ и градоначалникот на Нови Сад, Милош Вучевиќ, но не ја исклучи можноста да има повеќе предлози. Вучевиќ изјави дека тој и Брнабиќ засега се можни кандидати за премиер, но не е исклучена можноста некој од претседателството на СНС да излезе со трет предлог.

Вучиќ почнува консултации за кандидат за нов премиер на Србија

Тој изјави дека на претседателството на СНС ќе се разговара за составот на идната влада и за коалицијата со Социјалистичката партија на Србија и Единствена Србија. Вучевиќ додаде дека има неколку опции за владата, но дека, како што рече, таа секако ќе биде инклузивна на малцинствата. Седницата на Претседателството на СНС нема да биде отворена за јавноста.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Хрватска: ХДЗ е победник - следува постизборна математика

Хрватска: ХДЗ е победник – следува постизборна математика

Формирањето влада нема да биде едноставно: според привремените изборни резултати, ХДЗ е на прво место …