По усвојувањето на Информацијата за исплата на пензии за месец август 2022 година од Министерството за труд и социјална политика, Владата го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 29.08.2022 година.
Исто така им се препорачува на деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред:
- Пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши во вторник, на 30.08.2022 година;
- Пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши во среда, на 31.08.2022 година;
- Пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши во четврток, на 01.09.2022 година и
- Пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши во петок, на 02.09.2022 година.