Српското собрание го усвои Извештајот за преговорите со Косово

Српското собрание го усвои Извештајот за преговорите со Косово

По два дена заседавање српското собрание со мнозинство гласови го усвои Извештајот на Владата за преговорите со Косово. За извештајот гласаа 154 пратеници, а против 23. Српскиот парламент заседаваше откако претседателот на Србија го доби предлогот на ЕУ за решавање на спорот со Косово Предлогот е попознат како француско-германски план и беше поддржан од САД и не беше објавен во јавноста.

Десниот блок на опозициски партии го гледа планот како „капитулација“. На 2 февруари десетици граѓани пред Собранието го изразија своето противење на овој план.

На вчерашната дебата, Вучиќ зборуваше за француско- германскиот предлог и изјави дека Србија ќе продолжи да преговара за секој, дури и најлош, предлог за Косово бидејќи не смее да ги повтори лошите искуства од минатото. Вучиќ во парламентот презентираше десет точки со кои ќе се менаџира во наредниот период, а не сите се однесуваат на Косово, туку и на развојот на Србија воопшто.

Прочитајте повеќе

Плажа

Грција со дронови во борба против пренатрупаните плажи

Целта на апликацијата и патролите со беспилотни летала е да се запре нелегалното поставување чадори …