Странски инвестиции од 122,6 милиони евра во првото полугодие од годинава

Странски инвестиции од 122,6 милиони евра во првото полугодие од годинава

Поголем одлив отколку прилив на странски капитал имало во земјава во второто тримесечје од годинава, кога зеде замав кризата предизвикана од корона вирусот. Според најновите податоци на Народната банка, во текот на вториот квартал од 2020 година, вкупните странски директни инвестиции во земјата бележат нето-одливи од 9,3 милиони евра, како резултат на намалениот меѓукомпаниски долг за 78,6 милиони евра, при зголемени инвестиции во сопственички капитал и реинвестирање на добивката (за 48,3 и 21 милион евра, соодветно).

Во периодот јануари – јуни 2020 година, вкупните директни инвестиции во земјата изнесуваат 122,6 милиони евра, како резултат на нето-приливите врз основа на сопственички капитал и реинвестирање на добивката (68,9 милиони евра и 99,8 милиони евра, соодветно), во услови на нето-одливи врз основа на должнички инструменти за 46,1 милион евра.

Странски инвестиции од 122,6 милиони евра во првото полугодие од годинаваОд Народната банка објаснуваат дека податоците за трансакциите на директните инвестиции ги опфаќаат движењата помеѓу поврзаните субјекти врз основа на сопственички капитал, реинвестирање на добивката и должничките инструменти.

Должничките инструменти ги опфаќаат средствата и обврските меѓу поврзаните претпријатија во странство врз основа на заеми на меѓусебно поврзани субјекти, трговски кредити и аванси на меѓусебно поврзани субјекти, како и средства и обврски врз основа на останати должнички инструменти на меѓусебно поврзани субјекти.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, испрати порака со оддавање почит и слава …