Студентите денеска на своите сметки ги добија декемвриските пари за субвенциониран студентски оброк. За последниот месец од календарската 2022 година, студентите на сметка добиваат по 2.520 денари.
Започна исплатата и на стипендиите за студентите кои во академската 2022/2023 го продолжија правото на стипендија. Тие на сметка добиваат средства за четири месеци, односно за месеците октомври, ноември, декември и јануари.
МОН во петокот информираше дека, согласно податоците, стипендии неделава ќе им бидат исплатени на 3.415 студенти, додека субвенционции за оброк за декември ќе добијат речиси 29.000 студенти.
ПУБЛИКУМ Вистината на прво место