Судот одби да му го врати пасошот на Мијалков за да се лекува во странство

Судот одби да му го врати пасошот на Мијалков за да се лекува во странство

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје како неосновано го одби барањето на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, да му биде вратен пасошот. Мијалков го бараше пасошот со образложение дека има потреба од оперативен зафат кој треба да му биде извршен во странство.

-Барањето на еден од осудените лица со првостепена пресуда во предметот со КОК бр. 62/17 од обвинителството означен како „Титаник 2“, за укинување на мерката за претпазливост – привремено одземање на патната или друга исправа за преминување на државната граница и забрана за издавање нова, ја информираме јавноста дека Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје по добивање на целокупната документација поврзана со барањето согласно Законските одредби се обрати до надлежното обвинителство од каде е добиено негативно мислење во однос на барањето – соопшти Судот.

Против ова решение, странките имаат право на жалба до Апелациониот суд во рок од три дена.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

уставен суд

Балансерот укинат, доаѓа нов Закон за правична застапеност

Претседателот на Уставен Дарко Костадиновски кажа дека балансерот како алатка е исцрпена и оти ги …