полиција полицајци

СВР Битола: 110 санкции за сообраќајни прекршоци, 85 за брзо возење

Соопштение од СВР Битола

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на СВР Битола санкционирани биле 110 возачи, меѓу кои 85 мерки за возење повеќе од дозволената брзина (60 во населено место и 25 надвор од населено место), 7 мерки за возење без возачка дозвола, 7 санкции за непрописно паркирање. Изречени се две санкции за користење на мобилен телефон при возење, една мерка за некористење на сигурносен појас, три санкции за управување под дејство на алкохол.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Прочитајте повеќе

Повторно судење за пожарот во модуларната болница: Една и пол година затвор за Бесими и Етеми, Тетовската болница казнета со 1 милион денари

Повторно судење за пожарот во модуларната болница: Една и пол година затвор за Бесими и Етеми, Тетовската болница казнета со 1 милион денари

Поранешниот медицински директор на Тетовската болница, Флорин Бесими, и поранешниот економски директор, Артан Етеми, се …