СВР Битола: Во петок и сабота на подрачјето на Битола ќе бидат преземени посебни мерки во одвивањето на сообраќајот

СВР Битола: Во петок и сабота на подрачјето на Битола ќе бидат преземени посебни мерки во одвивањето на сообраќајот

Соопштение од СВР Битола

Во петок и сабота, 4 и 5 ноември, на територијата на СВР Битола ќе бидат преземени посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот, поради присуството на подрачје на Битола и битолско.

И тоа, на 4 ноември посета од страна на потпретседателката на Република Бугарија, Илијана Јотова како и присуство на Претседателот на РСМ, Стево Пендаровски, како и на премиерот Димитар Ковачевски на 5 ноември, по повод одбележување на годишнина од постоењето на РЕК Битола.

Од тие причини, СВР Битола на територијата на Битола и околината во овие два дена ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што до сите граѓани учесници во сообраќајот апелираме да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници, почитување на сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај. со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, испрати порака со оддавање почит и слава …