СЗО ја претстави новата стратегија против ковид-19 за сиромашните земји

СЗО ја претстави новата стратегија против ковид-19 за сиромашните земји

Светската здравствена организација го претстави новиот план за борба против ковид-19 во најсиромашните земји и побара 23,4 милијарди долари во следните 12 месеци за да го финансира. Партнерството на најголемите светски здравствени агенции (наречено ACT акцелератор) има потреба од 23,4 милијарди долари за да им помогне на најризичните земји да набават и да одвојат средства за борба против ковид-19 од сега до септември 2022 година, се вели во соопштението на СЗО. Организацијата посочува дека оваа сума е минимална во однос на илјадниците милијарди долари економски загуби предизвикани од пандемијата и трошоците за плановите за реконструкција.

„Нееднаквиот пристап до тестовите, третманите и вакцините против ковид-19 ја продолжува пандемијата ширум светот и претставува ризик за нови, поопасни видови на вирусот кои би можеле да ги избегнат постоечките средства за борба против болеста“, се вели во соопштението. Пандемијата, која веќе уби речиси пет милиони луѓе откако се појави во Кина на крајот на 2019 година, „не е далеку од завршена“, рече генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејезус.

Тој рече дека досега само 0,4 отсто од тестовите и 0,5 отсто од вакцините дадени ширум светот се користени во земјите со ниски приходи, иако тие претставуваат девет отсто од светската популација. Шефот на СЗО со месеци ја повторува оваа порака и бара да се надминат нееднаквостите во период од најмалку половина година. Тој го повтори својот повик до шефовите на држави и влади на Г-20 кои ќе се сретнат овој викенд во Рим и ги повика „целосно“ да ја финансираат новата стратегија на СЗО.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Дубаи документи: Македонска елита со имоти во Емиратите

Дубаи документи: Македонска елита со имоти во Емиратите

Јордан Камчев, Душко Чифлиганец, Ристо Секуловски, Бобан Заев се дел од македонските државјани кои имаат …