Изјава за медиуми на Миле Талевски, кандидат за пратеник на СДСМ во ИЕ 4:
Кризата предизвикана од коронавирусот, јасно и недвосмислено покажа дека покрај заштитата на здравјето на граѓаните, наш врвен приоритет е и зачувувањето на работните места.
Во изминатите три години, и покрај сите опструкции на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, изградивме држава која ги штити работните места и во која трудот на работниците се вреднува и се плаќа.
Ја кренавме минималната плата на 14.500 денари. Покажавме на дело, а не со празни зборови и ветувања, дека водиме искрена грижа за секој работник во државата.
Замислете каква ќе беше егзистенцијата на граѓаните за време на кризата со вирусот КОВИД-19, доколку минималната плата останеше на оние 9.000 денари од времето на ВМРО-ДПМНЕ.
Нека објасни Мицкоски како може некој да преживее со 9.000 денари, да ги школува децата, да ги нахрани и облече.
За разлика од нив, ние знаеме дека минималната плата не е само бројка. Знаеме дека прагот на минималната значи живот, сигурност и стабилност во домот и семејството.
Криминалната ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, тоа не го разбираат. Затоа 11 години го потценуваа трудот на работникот, ја газеа неговата мака, минималната плата ја држеа на 9.000 денари, а додека народот едвај преживуваше, ВМРО-ДПМНЕ стана најбогатата партија во Европа со луксузен бел дворец.
За среќа тоа време заврши и никогаш повеќе нема да се повтори!
Сега е време за нови иницијативи на кои се обрзуваме, и пред граѓаните и пред себеси.
Минималната плата која сега изнесува 14.500 денари, до крајот на следниот мандат ќе ја зголемиме до 40 отсто, односно до 20.000 денари. Така се сака државата, така се вреднува работникот.
Со СДСМ, работникот е заштитен, ценет и финансиски награден.
На 15 јули, граѓаните ќе го потврдат правиот пат по кој се движиме во изминатите три години. Пат, кој значи повторно зголемување на минимална плата, сигурност и безбедност во сечиј дом.
Постигнавме многу, а заедно со граѓаните можеме уште повеќе и уште подобро!