Талевски: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да се спротивстават на обидите на Груевски за рехабилитација на Ванчо Михајлов

Изјава на Миле Талевски, пратеник на СДСМ

Почитувани,

Почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и осуден криминалец во бегство, Никола Груевски го потврди континуитетот со Ванчо Михајлов. Исто како и Христијан Мицкоски, кој јавно кажа дека нема да се огради од Ванчо Михајлов, затоа што е дел од контитнуитетот на оваа партија. Тоа е истата матрица на ВМРО-ДПМНЕ која се пресликува и овде, во закондавниот дом.

Додека во ова Собранието проевропските пратеници се лажно напаѓани за бугаризација и асимилација, зад грбот на граѓаните стои длабока врска меѓу ВМРО-ДПМНЕ и нивната сестринска партија ВМРО-БНД.
Се отворија контраверзни бугарски клубови за да се подгреат чувствата на граѓаните, да се создаде тензија и да се нарушат односите меѓу двете земји.

Ете бугаризацијата во оваа држава кој ја прави, ВМРО – ДПМНЕ и ВМРО – БНД со заеднички именител – нивниот претседател Ванчо Михајлов. Токму ВМРО-ДПМНЕ во чест на Ванчо Михајлов изгради спомен куќа во Штип и постави восочна фигура во природна големина во музејот во Скопје.

ВМРО-ДПМНЕ и ВМРО-БНД се лонче и капаче!

Затоа, ВМРО-ДПМНЕ е против уставните измени, затоа е против европскиот пат на земјата, затоа не гласа за македонски јазик во ЕУ.

Скандалозни се обидите на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ да го рехабилитира соработникот на фашизмот и крвникот на македонскиот народ, Ванчо Михајлов.

Од овде, од македонското Собрание, кое донесе закони и декларации за заштита на македонското достоинство, на македонскиот јазик, на посебноста, како и Закони за здруженија и кое има обврска да ги штити сите наши граѓани, ги повикувам пратениците на ВМРО-ДПМНЕ:
1. Да се спротивстават на обидите за рехабилитација на Ванчо Михајлов и
2. Јавно да се оградат и да ги осудат

Очекуваме реакција од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, која не смее да биде партија којашто е иделошки поклоник на луѓето коишто биле извршители на Третиот Рајх.

Прочитајте повеќе

Нема да пораснат платите на функционерите, пратениците на СДСМ ќе поднесат законски измени за намалување на коефициентите

Изјава на претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски: „Најдовме уставно издржано решение со кое нема да …