Тасевска: Економските мерки и политики дадоа резултат, економијата оди напред по сите параметри

Тасевска: Економските мерки и политики дадоа резултат, економијата оди напред по сите параметри

Прес-конференција на СДСМ, Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Добрите и навремени економски политики на Владата предводена од СДСМ и мерките за масовна имунизација на населението даваат резултати

Економијата оди напред а тоа го покажуваат сите економски показатели.

По цела година, за прв пат во месец март оваа година, споредбено со истиот месец лани, имаме сериозна стапка на раст на индустриското производство од 7,6% проценти.

Исто така, индексот на прометот во индустријата во март има раст од над 27,1 отсто.

Надворешната трговска размена во првиот квартал од 2021 година бележи раст од 15,8 отсто, а извозот во истиот период е зголемен за 18,1 отсто.

Ова е силна потврда дека македонската економија е стабилна и динамична и се движи во вистински правец.

Се надминуваат последиците од коронакризата и во оваа 2021 година согласно економските показатели и очекувања, предвидено е македонската економија да се врати на стабилни стапки на раст.

Почитувани,

Економските пакети за помош и поддршка за граѓаните и за компаниите дадоа резултат.

Сочувавме повеќе од 100.000 работни места. Помогнавме по разни дополнителни основи над 400.000 граѓани и над 35.000 компании. Над 65 милијарди денари директно се вбризгани во домаќинствата и во компаниите.

СДСМ како одговорна партија продолжува и со креирање и реализација на ефикасни политики што создаваат услови за градење на развојна македонска економија.

Прочитајте повеќе

Ковачевски: СДСМ била, е и ќе биде силна партија која не се откажува кога е најтешко, борбата продолжува

Ковачевски: СДСМ била, е и ќе биде силна партија која не се откажува кога е најтешко, борбата продолжува

На вечерашниот митинг во Крушево, претседателот на Социјалдеморатскиот Сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, им порача …