Утревечер се одржува финалето на „Евровизија“, граѓаните на Северна Македонија ќе можат да гласаат

Утревечер се одржува финалето на „Евровизија“, граѓаните на Северна Македонија ќе можат да гласаат

Вчеравечер се одржа второто полуфинале од изборот за песна на „Евровизија“, на кое се претставија уште 17 земји, а десет од нив обезбедија пласман во големото финале, со што сега е познат редоследот и целосната листа финалисти на 65. издание на престижниот музички натпревар.

На втората полуфинална вечер настапија сите соседни земји кои учествуваат во изборот – Србија, Албанија, Бугарија и Грција и сите обезбедија пласман во финалната вечер. Преостанатите места за големото финале синоќа ги пополнија Финска, Швајцарија, Сан Марино, Исланд, Португалија и Молдавија.

На големо изненадување на сите, на евровизиската сцена синоќа се појави и американскиот рапер Фло Рида кој пееше за Сан Марино заедно со претставничката Сенит. Публиката можеше да го види раперот уште во спотот за песната „Адреналина“, но не очекуваше тој да се појави и на сцената во Ротердам со оглед на ситуацијата со пандемијата и неможноста на дел од учесниците, како австралиската претставничка, да стигнат во Холандија.

Од синоќешните учесници, само Исланд не настапи во живо во арената „Ахој“, поради тоа што еден од членовите на бендот Гагнамагнид имал позитивен тест на коронавирус.

Позитивни реакции во соседството предизвика албанската претставничка Ангела Перистери, но и српското трио „Хјурикејн“, чиј настап беше еден од најенергичните во текот на вечерта.

Вкупно дваесет и шест учесници ќе ги претставуваат своите земји во големото финале кое ќе се одржи утревечер. Со најголеми шанси за победа остануваат Франција, Италија и Малтa. Франција последен пат победата ја однесе во 1977 година, а Италија во 1990. Доколку осумнаесетгодишната Дестини дојде до евровизискиот пехар, ова ќе биде прва победа за Малта на ова музичко натпреварување.

Интернационалниот избор за песна на „Евровизија“ годинава се одржува во арената „Ахој“ во Ротердам, Холандија, откако минатата година беше откажано поради пандемијата.
Македонската публика на утрешното финале ќе може само да гласа, но не и да навива за својот претставник, откако Васил Гарванлиев не се пласираше во финалната евровизиска вечер.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Вебинар онлајн

Порано само читавме онлајн, сега животот го мигрираме онлајн

Правете бекап на дигиталните податоци, бидејќи ако чувате сè на лаптоп и ако случајно се …