По велосипедот, тротинетот и мопедот, „125“ станува сегмент на четвртата категорија возила на две тркала во која електричниот погон се етаблира како алтернатива. Веќе постојат првите разумни забрани. Тука спаѓаат петте тестирани кандидати. Различни се и техничките пристапи што се избрани. Додека Swalbe и Vespa имаат цврсто вградени акумулатори, кај другите тие се вадат, при што практичното решение кај Trolley des Silence заслужува дополнителна пофалба (акумулаторот од 5,6 кВтч може да се стави назад како мал куфер). Големи се разликите и во однос на перформансите на возење. Додека Niu и Vespa работат како мопеди (врвна брзина до речиси 70 км/ч), Swalbe и Silence личат на вистински 125. Заклучок на техничарот на ОАМТЦ, Стефан Кербл: „ Silence SO1 се истакна во сите категории и заради тоа заслужено Тест на електрични скутери победи. Меѓу другото, покажа и што треба да очекуваме во иднина од овој сегмент на тркала – уредни возни перформанси со истовремено прифатливи опфати. Лоша вест практично кај сите испитани беше цената што се наоѓа над секоја споредлива „125“ со традиционален мотор со внатрешно согорување.“ Повеќе информации, како и технички детали за овие скутери ќе најдете на www.oeamtc.at/tests Споредба на е-ролери 2020 година

Производител/тип Silence SO1 Govecs Schwaibe
L3 s
Piaggio Vespa
Elettrica 70
Niu NOI GT Trinity Uranus R (1)
Цена во евра 6740,oo 6990,oo 7890,oo 5199,oo од 4349,oo
Секојдневна употреба 2,2 2,7 2,3 2,5 3,2
Ергономичност 2,1 2,3 2,2 3,0 3,5
Погон 2,0 2,5 3,3 2,4 3,3
Возни карактеристики 2,3 2,5 2,2 2,8 3,1
Оценка на ОАМТЦ 2,2 2,5 2,7 2,7 3,3

 

0,6-1,5 одлично
1,6-2,5  многу добро
2,6-3,5 добро
3,6-4,5 задоволува
4,6-5,5 не задоволува

Извор:АМСМ