Toyota Yaris - новата енергија која не ти дава да застанеш

Toyota Yaris – новата енергија која не ти дава да застанеш

Уникатен и препознатлив, новиот Toyota Yaris е најдобриот избор за сите оние кои се во потрага по компактен, удобен, моќен и безбеден автомобил. Четвртата генерација на Yaris одлично се вклопува во урбаниот начин на живеење, но ќе ви понуди и максимално уживање при возење на отворен пат.

Комплетно нов, модерен и динамичен надворешен изглед. Дизајниран со страст кон животот и љубов кон возењето. Чистиот и минималистички дизајн во внатрешноста ги држи вашите раце на управувачот, а очите секогаш на патот.

Компактен однадвор, комфорен одвнатре – новиот Yaris ќе ви понуди простор за максимално уживање каде и да одите. А паркирањето на возилото и снаоѓањето низ тесните градски улички никогаш нема да ви биде полесно. Има најмал радиус на вртење во класата од само 9,8 метри.

Оваа генерација на Yaris на македонскиот пазар ќе биде достапна со два бензински мотори како и еден хибриден мотор од четвртата генерација, со кој ќе уживате во возењето на струја дури 80% од времето поминато во градски метеж. Што и да одберете, бидете сигурни дека сте одбрале моќни перформанси и ниска потрошувачка на гориво.

Земајќи ја во предвид неговата препознатливост како лидер во сегментот кога станува збор за безбедноста, новата генерација на Yaris повторно ги поместува безбедносните стандарди. Безбедносниот пакет Toyota Safety Sense, како и централното воздушно перниче, кое за прв пат е претставено во овој сегмент на возила, се дел од неговата стандардна опрема. Потврда за безбедноста на ова возило е и наградата “SafetyBest” доделена од страна на реномираното жири на “AutoBest”.

Гаранцијата од 6 години или 200.000 Км, ќе ви овозможи да се чувствувате сигурно и релаксирано, знаејќи дека компанијата секогаш и секаде е ваша поддршка.

Прочитајте повеќе

Skoda Superb

Претставена новата Škoda Superb: Повеќе простор и удобност, шест ефикасни погонски единици и иновативни безбедносни системи (ВИДЕО)

Четвртата генерација на Škoda Superb се надоврзува на јаките страни на својот претходник, нудејќи уште …