Ова е најубедлива победа на некој републикански кандидат на внатрепартиските избори во Ајова – досегагешен „рекордер“ беше Боб Дол, кој во 1988 година освои 12,8 отсто повеќе гласови од неговиот најблизок конкурент.
Милионерот Вивек Рамасвами веднаш по првите резултати од изборите во Ајова најави дека се повлекува од трката за републикански претседателски кандидат и го поддржа Доналд Трамп во говорот кој го одржа.
Во Ајова живеат помалку од еден процент Американци, но внатрепартиските избори во таа држава се симболично важни бидејќи укажуваат на насоката во која ќе се одржат претседателските избори. Таа држава е важна како прв официјален показател за перспективите на кандидатот на националната сцена.
За осум дена републиканците во поумерениот Њу Хемпшир ќе го изберат својот кандидат за изборите, а според анкетите на јавното мислење, забележливо е дека предноста на Трамп во оваа држава е многу помала, а Ники Хејли е на убедливото второ место, додека Десантис е далеку зад нив.