Удо Булман: Нобелова награда за Заев и Ципрас

Удо Булман: Нобелова награда за Заев и Ципрас

Шефот на пратеничката група на социјалдемократите во Еврпопскиот парламент, Удо Булман, смета дека македонскиот премиер Зоран Заев и неговиот грчки колега Алексис Ципрас би требало да добијат Нобелова награда за мир.

„На Зоран Заев и Алексис Ципрас им успеа она во што не успеаја многу други во изминатите речиси три децении – тие конечно му ставија крај на огорчениот спор за името помеѓу Скопје и Атина и со тоа испишаа историја“, изјави Булман за германската агенција ДПА.

„Тие не потклекнаа под притисокот на оние кои копнеат по стари национализми, туку дејствуваа во најдобар долгорочен интерес на своите земји и на Европа. Токму во времиња на популизам, во кои агендата често е диктирана од краткорочни добивки, ова е доказ за вистинска политичка големина“, оцени Булман.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Камери Безбеден град

„Безбеден град“ официјално ќе започне да функционира од февруари идната година

Системот за санкционирање на сообраќајни прекршоци „Безбеден град“ официјално ќе започне да функционира од февруари …