УКИМ ги додели наградите на најдобрите дипломирани студенти

УКИМ ги додели наградите на најдобрите дипломирани студенти

Денеска пред платото на Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје беа доделени пофалниците и пригодните награди за најдобрите дипломирани студенти за академските 2018/2019 и 2019/2020 година.

Наградата – златник со ликот на светите Кирил и Методиј, за учебната 2018/2019 година ја примиле вкупно 23 студенти, додека за учебната 2019/2020 година биле наградени вкупно 26 студенти.

Покрај тоа, на десетмина редовни студенти од Архитектонскиот, Филолошкиот, Филозофскиот, Економскиот, Правниот факултет и Факултетот за драмски уметности од завршниот семестар на прв циклус студии кои покажувале особени резултати во студиите им била доделена наградата „26 јули“ од Фондацијата „Франк Манинг“ од Велика Британија. Овие студенти оствариле просечен успех од најмалку 8,00 во текот на студирањето.

Наградите на студентите им ги врачи ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски, а на чинот на свеченото доделување на наградите, покрај наградените студенти и членовите на нивните потесни семејства, присуствуваа и проректорите на Универзитетот, генералниот секретар, претседателот на Универзитетскиот сенат и деканите на факултетите.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

„Гордата Гордана“ не можела да му се спротивстави на Мицкоски

„Гордата Гордана“ не можела да му се спротивстави на Мицкоски

Сиљановска-Давкова е претседателски кандидат, а за неколку дена ќе се знае дали ќе биде идниот …