Укинат домашниот притвор за Сашо Мијалков

Укинат домашниот притвор за Сашо Мијалков

На поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков, Кривичниот совет при Основниот суд му го укина куќниот притвор и му определи мерки на претпазливост. На Мијалков му е одземена патната исправа за преминување на државната граница со лична карта и, еднаш неделно, ќе треба да се јавува во Судот.
Од Кривичниот суд велат дека решението е донесено откако Апелација донесе одлука на Мијалков да му се укине куќниот притвор. Мијалков беше во притвор по изрекувањето на пресудата за „Титаник 2“ за изборни нерегуларности, при што му беше изречена затворска казна во траење од  3 години. Со решение на Апелациониот суд, решението на првостепениот суд беше преиначено и на Мијалков му беше определна мерка куќен притвор. Оваа мерка трае до правосилноста на пресудата, а најдолго 60 дена. Од причина што рокот од 60 дена истекува денеска, 6-ти мај, Советот постапувајќи по службена должност утврдил дека мерката куќен притвор треба да се укине.

Прочитајте повеќе

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

Драган Ковачки во дебата на национална телевизија ја повтори „по стоти пат“ невистината дека актуелниот …