Филипче

Успешно завршена третата трансплантација на срце во земјава

По петчасовна операција, денеска е успешно извршена третата таква трансплантација извршена во земјава и почна да чука новото срце во градите на 39 годишната жена, објави министерот за здравство Венко Филипче на својата Фејсбук-страница.

Трансплантацијата ја извршиле проф. д-р Сашко Јовев, академик Жан Митрев, д-р Марјан Шокаровски, д-р Васил Папестиев, д-р д-р Никола Христов, д-р Тања Анѓушева, анестезиолозите д-р Стефанија Хаџиевска, д-р Надица Мехмедовиќ, д-р Весна Митасова, д-р Јасмина Илиевска, како и тим на перфузонисти, инструментари, медицински сестри.

Два бубрега од истиот мртов дарител од кој е земено срцето се претходно успешно извадени од страна на д-р Сотир Ставридис, д-р Александар Трифуновски и д-р Виктор Станков, и се очекува тие наскоро да се пресадат на пациенти кои имаат потреба од бубрег.

Експлантацијата, односно земањето на органите, е направено со дозвола од семејството на починатиот дарител.

Пред отприлика еден месец беше извршен ваков зафат по смртта на младата Верица Белчовска, чии органи и делови од коски беа успешно пресадени на пациенти во тешка состојба.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, испрати порака со оддавање почит и слава …