Крушево

Утре во Крушево еко акција „Генералка викенд“

Утре, петок 6 мај, во Крушево ќе се спроведе акција за собирање на отпад во рамки на „Генералка викенд“, реализирана од организацијата „Мен енд маунтин“ (Man and Mountain), а во соработка со општина Крушево.

Локациите на кои ќе се чисти се следните:

  • Околината на ООУ „Никола Карев“
  • Детско игралиште на Гумење
  • Спортски центар „Езеро“
  • Крушевско езеро
  • „Кај клупата“

Акцијата ќе се одвива во два термина:

  • 10.00 часот – ООУ „Никола Карев“
  • 11.00 часот – „Гумење“ и „Кај клупата“

„Втора година по ред спроведуваме акција за чистење во рамки на ‘Генералка викенд’. Ги повикуваме сите граѓани волонтерски да се вклучат во акцијата на една од зададените локации. Минатиот петок засадивме преку 100 дрвца, а овој петок ќе ја реализираме оваа еко акција, што покажува дека сакаме да го подигнеме нивото на свесност, бидејќи Крушево е нашата иднина“, порача градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски.

Прочитајте повеќе

Љупчо Палевски – Палчо со авион екстрадиран во Македонија

Љупчо Палевски – Палчо со авион екстрадиран во Македонија