Утрово нов земјотрес во Штип

Утрово нов земјотрес во Штип

Земјотресот бил регистриран утрово во 4:22 часот на 74 километри југоисточно од Скопје, кој потекнува од епицентралното подрачје Свети Николе – Штип.

Нов земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML2.3 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала беше регистриран утрово во 4:22 часот на 74 километри југоисточно од Скопје, кој потекнува од епицентралното подрачје Свети Николе – Штип. Земјотресот бил почувствуван од населението во Штип и околината, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

„Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава 19.04.2023 година регистрираше земјотрес 74 km југоисточно од Скопје, кој потекнува од епицентралното подрачје Св. Николе – Штип“, стои во соопштението од Сеизмолошката опсерваторија.

Прочитајте повеќе

Стопанската Комора ќе побара ревидирање на бројот на неработни денови заради празници

Стопанската Комора ќе побара ревидирање на бројот на неработни денови заради празници

Стопанската комора на Македонија најави дека до Министерството за економија и труд ќе достави предлог-измени …