кузеска

(ВИДЕО) Кузеска: Нови околности откако ВМРО-ДПМНЕ прифатија уставни измени и учество во Влада

Прес-конференција на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Почитувани граѓани,

По вчерашната средба имаме нови околности на политичката сцена во земјата.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, јавно кажа дека ВМРО-ДПМНЕ не е против уставните измени.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ де факто го променија ставот, прифатија уставни измени и прифатија учество во Влада за европска иднина на паритетна основа, со ист број на министри.

Дури и условот ДУИ да не биде дел експресно беше прифатен од страна на ДУИ, само да не се измислуваат нови и нови услови.

Од друга страна прифатено е барањето измените на Уставот да важат одложено, односно од денот на одржувањето на втората меѓувладина конференција.

Барањето за избори што понатаму ќе ги спроведе заедничката влада исто така е прифатено.

СДСМ како одговорна, државотворна партија повторно покажа државнички капацитет и уште еднаш потврди дека иднината на граѓаните и интересот на државата се на прво место.

Сега врз основа на новите околности на политичката сцена потребно е дијалогот да продолжи.

Македонскиот јазик и македонскиот идентитет се целосно заштитени.

Преговарачката рамка во себе ги содржи сите гаранции, преговорите се одвиваат и ќе продолжат да се одвиваат на официјален македонски јазик, без фусноти и додавки, јазик рамноправен со останатите јазици на ЕУ.

Дополнително, една голема европска држава наскоро ќе донесе Резолуција со која се потврдува дека се препознава и признава недвосмислено македонски јазик, идентитет и македонска култура.

Почитувани,

Членството во ЕУ е стратешка цел на државата, врвен приоритет на генерации македонски граѓани и оттаму, обврска на сите политички субјекти да се реализира таа цел.

Потребно е национално единство да го заокружиме овој процес, да обезбедиме европска иднина за сегашните и идните генерации.

Во одговор на новинарско прашање, Кузеска ја потврди информацијата за свикување на Централниот и Извршниот одбор од страна на претседателот на СДСМ и премиер , Димитар Ковачевски.

„Како што кажав и во оваа прес-конференција, после вчерашната сдредба имаме нови околности на политичката сцена и токму тие нови околности се повод за свикување на Извршниот и на Централниот одбор а секако дека тема ќе бидат начинот и формата со која што понатаму ќе продолжат преговорите со ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Кузеска.

Прочитајте повеќе

Американски претставници потврдуваат дека Русија му дава разузнавачки информации на Иран во војната на Блискиот Исток

Американски претставници потврдуваат дека Русија му дава разузнавачки информации на Иран во војната на Блискиот Исток

Наводната соработка доаѓа во многу деликатно време за односите меѓу САД и Русија, при што нуклеарните соперници …