[Видео] Осуммина затвореници од „Идризово“ копале тунел за бегство долг 40 метри

[Видео] Осуммина затвореници од „Идризово“ копале тунел за бегство долг 40 метри

Во тунелот се пронајдени повеќе пластични корпи на кои се врзани јажиња, а со кои се извлекувала ископаната земја и електричен кабел со сијалица која им служела за осветлување на тунелот, велат од МВР.

Група од најмалку осум осудени лица кои издржуваат казна затвор во Казнено-поправниот дом „Идризово“ подготвувале бегство од затворот со копање на тунел, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Станува збор за осудени лица за сериозни кривични дела со определени казни од 10 години до доживотен затвор.

Во текот на денешниот ден МВР, Бирото за јавна безбедност, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со Агенцијата за национална безбедност го спречиле планираното организирано бегство од затворот.

„По доставувањето на сознанијата до Управата за извршување на санкции, од нивна страна се извршени проверки на местото кое беше посочено како потенцијален тунел. Беше утврдено дека постои ископан тунел во должина од околу 40 метри, лоциран до објект кој се користел за одлагање на јаглен во правец на заштитната ограда позади која се наоѓа женското одделение. Локацијата е во непосредна близина на зградата на затвореното одделение на затворот, на длабочина од околу еден метар, во дијаметар од околу 80 сантиметри, соодветно обезбеден со попречни греди и тули“, велат од МВР.

Од МВР додаваат дека во тунелот биле пронајдени повеќе пластични корпи на кои биле врзани јажиња, а со кои се извлекувала ископаната земја и електричен кабел со сијалица која им служела за осветлување на тунелот. Од полицијата најавуваат дека во координација со надлежното јавно обвинителство се преземаат дополнителни мерки и активности за расчистување на случајот.

Прочитајте повеќе

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Нафтените деривати од вечерва со нови цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги …