(ВИДЕО) Постхумно промовирана песната на Балашевиќ „Роденденска“

(ВИДЕО) Постхумно промовирана песната на Балашевиќ „Роденденска“

Во петокот вечерта, на 29 април, во домот на семејството Балашевиќ во Нови Сад, постхумно беше промовирана песната на Ѓорѓе Балашевиќ „Роденденска“, посветена на неговата сопруга Оливера.

На настанот кој беше организиран од страна на сопругата и трите деца, промовирано било и дополнетото издание на збирката песни на Ѓорѓе Балашевиќ „Допирот на свилата“, во која се нашле и интимните писма кои си ги испраќале Оливера и Ѓорѓе.

Во склоп на настанот бил одржан и концерт на кој се пееле негови песни, а членовите на семејството и неговите најблиски пријатели евоцирале спомени од времето поминато со „панонскиот морнар“.

„Првата книга ‘Допирот на свилата’ настана како консеквенца на наградата ‘Тодор Манојловиќ’, која Народната библотека ‘Жарко Зрењанин’ му ја додели на Ѓорѓе за ‘посебен уметнички сензибилитет’. Овие денови од печат излезгува книга со истиот наслов, во која нема да го има само она кое е веќе видено. Тоа ќе биде аналогија на оние песни кои сме ги читале и слушале сами, кои сме ги пееле заедно, со кои сме се заљубувале и кои ни изнудиле вакви или онакви солзи. На новите страници ќе се најдат и автопоетички прозни раскази, како и нови стихови кои досега се слушале само во улицата ‘Јован Цвијиќ’ бр.33. Темпото на промоција ќе го го диктира ритамот на одбраните песни кое ќе се свират, а од фамилијарната архива премиерно ќе биде слушната и приказната на Ѓорѓе за серенадата“, изјави Оливера Балашевиќ во најавата на настанот.

Прочитајте повеќе

Европскиот парламент го одобри Планот за раст за Западен Балкан

Европскиот парламент го одобри Планот за раст за Западен Балкан

Европскиот парламент го изгласа Планот за раст за Западен Балкан, што е досега најамбициозниот финансиски …